Наставници

Директор

Славица Конеска Темелкоска

Славица Конеска Темелкоска е родена во 1968 година во Прилеп. Основно музичко училиште завршува во Прилеп, во класата на наставникот Миле Стојкоски Средно музичко училиште во Битола завршува во класата на проф. Марга Татарчево на отсек пијано. Дипломира на Музичката академија во Скопје во 1992 година на отсек теорија и педагогија. Од 1993 година се вработува како професор по музичка уметност во средно образование, при што работи во СОУ „Кузман Јосифоски Питу“, гимназија „Мирче Ацев“ и СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп и гимназијата „Наум Наумоски Борче“ во Крушево. Од 2013 година работи и во основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп како наставник по пијано. Со своите ученици има постигнато повеќе успешни настапи како на државни, така и на меѓународни натпревари. Од 2018 година е директор на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“.

Солфеж и теорија на музиката

Ролина Тутеска -Димеска

Ролина Тутеска -Димеска – Димпломиран наставник по Солфеж и Теорија на ФМУ-Скопје.Во досегашниот работен со моите ученици освен Солфежот сум забележана како и наставник по Пијано и Корепетиција за која имам Посебна Диплома како истакнат Корепетитор,на кои се гордеам со многубројните добиени награди на Државните и Меѓународните натпревари од сите три области.Активно бев вклучена уназад години а и сега во повеќе комисии и посетување на семинари по предметите Солфеж и Пијано за кои имам добиено и голем број сертификати.Работи во основното Музичко училиште Ордан Михајлоски -Оцка од 1980 год.

Киро Гаралоски

Киро Гаралоски е наставник по солфеж Роден 23.05.1978 год. во Прилеп. Основно музичко образование стекнува во основното музичко училиште во Прилеп ,средно образование завршува во средното музичко училиште во Битола и своите студии ги продолжува на факултетот за музичка уметност во во Скопје, на отсекот Музичка теорија и педагогија каде дипломира 2002 год. За време на својата педагошка дејност како наставник во ООМУ„ Ордан Михајлоски-Оцка„ Прилеп, по предметите пијано,солфеж и теорија, во периодот од 2006-2018 со свои ученици зема активно учество на државни и меѓународни натпревари и освојува многубројни награди.

Пијано

Игор Николоски

Игор Николоски е роден во 1983 година во Прилеп, каде што завршува основно музичко образование. Средното музичко училиште го завршува во ДМБУЦ „Илија Николски – Луј“ во Скопје во 2002 година, отсек музичка теорија и педагогија. Дипломира на факултетот за Музичка уметност во Скопје во 2005 година, насока музичка теорија и педагогија. Од 2008 до 2012 во факултетот за Музичка уметност посетува спцијализација за пијано изведувач, во класата на проф. др. Ана Гацева. Денес  работи како професор по предметот пијано во основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп. Со своите ученици има постигнато високи резултати на државни и меѓународни натпревари.

Христина Никоска

Пијанистката Христина Никоска Тасеска, е родена 1989 год. во Прилеп. Го започнува своето образование во музичкото училиште во Прилеп, во класата на проф. Виолета Кочоска, а во текот на својата музичка наобразба соработува со повеќе ментори, како проф. Мери К. Стоилкова, проф. Надежда Пејсахова и проф. Глигор Гелебешев. Средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ ‘Илија Николовски – Луј’ – Скопје, во класата на проф. Људмила Романова, а дипломира на ФМУ – Скопје, во класата на проф. Марија Ѓошевска.
Учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари, од кои издвојуваме позначајни награди: Прва награда на натпреварот ‘Свирел’ – Словенија (2018 год.), Први награди на државниот натпревар по пијано ( 2010, 2008 год.), Втора награда на ‘Полифон конкурс’ на ФМУ – Скопје (2007) и други. Учествува на повеќе семинари кај реномирани педагози: проф. Борис Романов – Скопје, проф. Антонио Сориа – Барселона, Шпанија, проф. Јуриј Кот – Киев, Украина, како и интензивните мајсторски курсови во Нови Сад кај проф. Мирослав Красовски-Тел Авив, Израел. Во 2012 год. е дел од Европската летна музичка академија, каде работи со проф. Лејла Пула – Косово и проф. Јаромир Клепач – Чешка. Бележи голем број на солистички и камерни настапи, рецитали, како солист со Македонска филхармонија и учества на повеќе фестивали: Златна лира, Охридско лето, Прилепско културно лето, Скопско лето, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености, Musica viva, Битолско културно лето и други. Концертира и на чембало и бележи настапи како солист со камерниот оркестар ‘Солисти на ФМУ’. Во 2016 год. дебитира на сцената во Кина, каде во градот Вејфанг, покрај концертите, одржа и мастер часови. Во 2015 год. го сними својот прв аудио диск – ‘Музика за четворорачно пијано’, со дела од Моцарт и Шуберт, во соработка со пијанистката Мери Кафкалевска Стоилкова. Доста е препознатлива и по својата педагошка работа, во која со своите ученици има освоено преку 50 награди и признанија, на државни и меѓународни натпревари. Од 2012 год. работи како професор по пијано и корепетиција при ООМУ ‘Ордан Михајлоски – Оцка’ – Прилеп.

Денис Најдоски

Денис Најдоски е роден на 05.02.1993 во Прилеп каде што го завршува основното музичко училиште во класата на наставник Михајло Стојкоски. Во 2006 година своето образование го продолжува во класата на м-г проф. Снежана Анастасова – Чадиковска во ДМБУЦ „ Илија Николовски – Луј “ Скопје. Во 2015 година со висок просек дипломира на факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на м-г проф. Рита Трпчева-Поповиќ. За време на неговото школување како солист настапува на голем број државни и меѓународни натпревари каде што освојува значајни награди и признанија, концерти во земјава и надвор од неа, како и учество на семинари кај врвни пијанисти од Македонија, Србија, Швајцарија, Словенија, Русија. Покрај солистичките настапи редовно настапува и како член на камерни состави ( дуо Пијано ) од кои се издвојуваат – лауреат на државен натпревар по камерна музика, концерти на Скопско Лето, Есенски музички свечености и многу други. Од 2015 год работи како професор по пијано и корепетиција. Неговите ученици земаат редовно учество на голем број концерти и натпревари, каде што постигнуваат значајни резултати во земјава но и надвор од неа. 

Илија Иваноски

Илија Иваноски, роден 1995г. во Прилеп. Основно музичко училиште завршува во ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”- Прилеп, во класата по пијано кај Проф. Наде Стојкоска. Средно музичко училиште се запишува во “ДМУ”- Битола (2009), отсек пијано во класата на Проф. Маргарита Татарчевска и Проф. м-р Јана Четелева-Белевска. Своите студии по пијано ги продолжува на “ФМУ”- Скопје (2013), во класата на Проф. м-р Тодор Светиев, каде што се здобива со титулата Дипломиран пијанист. Учествувал на голем број натпревари по пијано и камерна музика (државни и меѓународни); семинари, од кои може да се издвои соработката со Јури Кот (Украина). Од 2017г. e Проф. по пијано во ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”-Прилеп.

Јулијана Златеска

Јулијана Златеска  е професор по пијано,хор и оркестар Родена 1985год во Прилеп,каде го завршува своето основно образование. Во 2004 год завршува средно музичко образование во Битола, и продолжува со студии во Скопје,на “ФМУ” на отсек МТП-хорско диригирање во класата на Проф. Саша Николовски -Ѓумар. Своето работно искуство го започнува во основното музичко училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” во Прилеп,како проф.по пијано,хор и оркестар. Во 2015год го основа оркестарот со кој имаат многубројни настапи. Со своите ученици има постигнато високи резултати на државни и меѓународни натпревари.

Игор Кимоски

Игор Кимоски е роден во 1984 година во Прилеп.Своето музичко образование го започнува во Основното музичко училиште во Прилеп,каде што изучува инструмент хармоника.Средното образование го продолжува во Државното музичко училиште во Битола.Дипломира во 2007 година,на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот за Музичка теорија и педагогија.Во текот на образованието учествувал и добил повеќе награди на Државни натпревари.Во своето работно искуство работел како наставник по софеж,теорија на музиката и пијано.

Хармоника

Кети Петреска

Кети Петреска (1985г.) основното музичко училиште го завршува во ООМУ ”Ордан Михајлоски -Оцка“ Прилеп, во класата на проф. Петар Андоноски, а средното музичко образование во МУ ”Стеван Мокрањац”, Краљево, Република Србија во класата на проф. Владимир Мандиќ. Високото образование го продолжува на музичката академија во Источно Сараево, БиХ, каде дипломира во јули 2008 година, отсек класична хармоника во класата на проф. Данијела Газдиќ. Во текот на своето образование била учесник на натпревари на државно и меѓународно ниво каде остварува високи резултати. Како педагог започнува да работи во 2007 год. во МУ ”Стеван Мокрањац”, Краљево, до 2010 год. работи во повеке музички училишта во БиХ и Република Србија. Од 2010год. работи во ООМУ “Ордан Михајлоски – Оцка, Прилеп. Ангажирана е во работата на стручно жири на домашни и меѓународни натпревари. Учениците на проф. Кети Петреска имаат учествувано на бројни државни и меѓународни наптревари и добитници се на многубројни награди.

Мартин Колевски

Мартин Колевски е роден 1988 година, во Прилеп, каде и го завршува основното образование, а воедно и основното музичко образование по хармоника во ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“, во класата на проф. Петар Андоноски. Средното музичко образование го завршува во државно музичко блатескиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ во Скопје на инструменталниот отсек по хармоника во класата на проф. м-р Зорица Каракутовска. Во мај, 2011 год. димпломира во класата по хармоника на проф. м-р Зорица Каракутовска, при Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во текот на образованието е добитник на повеќе награди и настапува на повеќе концерти, натпревари и семинари. Од ноември 2011 година работи како наставник по хармоника во ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп и е добитник на сертификати за современи методи во наставата, како и бројни награди од државни и меѓународни натпревари со ученици.

Виолина

Весна Станкоска

Весна Станкоска е родена на 12 Ноември 1965 година во Прилеп. Основно музичко образование стекнува во ОМУ “Ордан Михајлоски – Оцка” во Прилеп, инструмент виолина.  Образованието го продолжува на инструментален отсек – виолина во средното ДМУ “Илија Николовски – Луј” во Скопје. Во 1984 година се запишува на ФМУ во Скопје, каде завршува прв степен за гудачи – виолина во класата на професорот Михајло Куфојанакис во 1987 година. За време на своето школување во основно училиште освојува втора државна награда со камерен оркестар и настапува на повеќе концерти во Прилеп како солист. Во средно училиште учествува на семинари кај Марија Јашвили, професорка од Русија. Настапува со камерен оркестар во Скопје и други градови во Македонија и како солист на неколку концерти организирани од средното училиште.  Работи во ООМУ “Ордан Михајлоски – Оцка” во Прилеп од 1995 година, како наставник по виолина. Во текот на својата работа, со учениците учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари, на кои редовно освојува високи награди. Позначајни од нив се меѓународните натпревари во Ниш, Бечеј, Белград – Петар  Коњович, Загреб, Смедеревска Паланка и Охрид – Охридски бисери. 

Љупчо Трајаноски

Дипломиран Виолист на Академијата за изведувачки уметности во Братислава Словачка класа проф.м-р Јозеф Хошек.Претходна едукација : Факултет за Музичка Уметност- Скопје, Државно Музичко училиште -Битола ,основно музичко училиште -„Ордан Михајлоски -Оцка“. За време на студирањето во Братислава остварува соработка со Академијата за Театар и Филм каде снима Музика за Филм,Балет и Театар. Соработува и посетува семинари на истакнати музички уметници: Максим Венгеров, Кирил Трусов, Стефан Миленкович, Клаус Мируп. Учествува на многубројни настани,рецитали,соло концерти,турнеи со симфониски оркестар во Македонија, Косово, Србија, Романија, Австрија, Република Чешка, Словачка, Данска, Полска, Финска, Шведска, Италија и Германија. Соработува со Диригенти од Америка Лоренс Фостер и Даниел Мејер а во 2018 остварува соработка со маестро Роберт Бутс од Америка и настапува како солист со Симфонискиот Оркестар на Интернационалниот Оркестар Балтик Фестивал во Талин -Естонија.

Гитара

Илија Чакароски

Илија Чакароски – Дипломиран гитарист на Националната Музичка Академија “Панчо Владигеров” – Софија, Р. Бугарија. Со долгогодишно педагошко искуство. Со многу награди и признанија на државни и меѓународни натпревари.

Труба

Ристо Мечески

Ристо Мечески е роден во 1953 година во Прилеп. Основно музичко училиште завршува во Прилеп, во класата на наставниците Благоја Стојкоски и Михајло Стојкоски. Во текот на школувањето во основното музичко училиште освојува неколку награди на републички натпревари. Од 1968 година е ученик во средно музичко училиште во Битола, при што освојува повеќе награди на републички натпревари. Во 1972 година се запишува на Музичката академија во Сарево, БиХ, во класата на професор Винко Улчар. По дипломирањето во 1976 година се вработува како професор по труба во основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп, во кое останува се до заминувањето во пензија.

Љупчо Богатиноски

Љупчо Богатиноски (1991г.) основното музичко училисте го заврсува во ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”, Прилеп, во класата на проф.Ристо Мечески, а средното образование во средното музичко училиште во Битола во класата на проф.Ѓорѓи Ковачевски. Високото образование го продолжува на факултетот за музички уметности при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, прво во класата на проф. Јован Самоников а потоа и во класата на проф. М-р Васо Ристов, каде што дипломира во април 2016г на отсек класика – труба. Во текот на своето образование учествува на многубројни натпревари на државно и меѓународно ниво, на кои остварува високи резултати.
Како педагог почнува да работи во 2019 година во ООМУ “Ордан Михајлоски – Оцка” во Прилеп.

Саксофон

Борис Миленкоски

Борис Миленкоски е роден во 1980 година во Прилеп, каде покрај редовното основно го завршува и основното музичко училиште во класата на наставникот Драгољуб Бузески. Во 1999 го завршува средното музичко училиште во Битола во класата на професорот Боби Коминовски. По неговото завршување се запишува на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, Р. Бугарија, каде дипломира на отсекот по саксафон во класата на професор Влајо Влаев и се стекнува со титулата диломиран саксафонист – инструменталист. Денес работи како професор по предметот саксафон во основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп. Со своите ученици има постигнато повеќе успешни настапи како на државни, така и на меѓународни натпревари за дувачки иснтрументи.

Кларинет

Александра Ивановска Анѓелова

Александра Ивановска Анѓелова е родена во 1991 година, во Прилеп, каде и го завршува основното образование, а воедно и основното музичко образование по кларинет во ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“, во класата на проф. Драгољуб Бузески. Средното музичко образование го завршува во државното музичко училиште во Битола на инструменталниот одсек по кларинет во класата на проф. Панде Татарчевски. Во јуни, 2014 год. димпломира во класата по кларинет на проф. м-р Стојан Димов, кај кого и магистрира во 2016 год, при Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во текот на образованието е добитник на повеќе награди и настапува на повеќе концерти, натпревари и семинари. Од октомври 2014 година работи како наставник по кларинет во ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп и е добитник на сертификати за современи методи во наставата, како и бројни награди од државни и меѓународни натпревари со ученици.

Флејта

Мартина Пашоска–Стојанов

Мартина Пашоска–Стојанов родена е во Прилеп 1991год. Основното музичко образование го стекнува во ООМУ ”Ордан Михајлоски – Оцка” во Прилеп. Средното образование го продолжува во Државното Музичко Училиште во Битола, во класата на проф. Александар Стефановски – флејта. Дипломира со висок просек на Факултетот за Музичка уметност при Универитет “Гоце Делчев” во Штип, во класата на проф. М-р, Златка Митева – флејта. Во текот на своето школување учевствува на бројни натпревари и семинари од каде се вратила со повеќе награди и сертификати. Во 2014год, почнува да работи како наставник по флејта во ООМУ “Ордан Михајлоски – Оцка” во Прилеп, каде со своите ученици учевствуваат на многу натпревари како во државата така и надвор од неа, и освојуваат многу награди. Учевство земаат и на повеќе семинари по флејта кои ги водат познати флејтисти од странство. Како наставник учевствува во разни комисии и работилници.

Соло пеење

Леонарда Б. Гиновска

Леонарда Б. Гиновска – Завшрува ссновно училиште во Прилеп во класата на проф.Борис Матракоски-виолина, средно музичко училисте во Битола во класата на проф.Пеце Митревски-соло пеење а во 1996 се запишува на Факултетот за музичко образование во класата на проф. Марија Муратовска-соло пеење. Во 2001год се вработува во музичкото училиште во Прилеп и работи  со деца кои сакаат да изучуваат соло пеење. Во 2014 завршува Магистарски студии на факултетот за музичка уметност во класата на проф.Марија Муратовска.

Народни инструменти

Мендо Ташкоски

Мендо Ташкоски е роден во 1985 година во Прилеп, каде што завршува основно музичко образование во класата на наставник Илија Јанчулески. Средното музичко училиште го завршува во Битола во класата на проф. Кирил Стојчески, инструментален отсек армоника. Дипломира на факултетот за Музичка уметност во Скопје во 2007 година во класата на проф. Драган Даутовски и се здобива со титулата дипломиран музичар, теоретичар и педагог – изведувач на народни инструменти. Во 2015 година магистрира на катедрата по етномузикологија кај проф.др. Александар Димитријевски и стекнува стручна титула магистер по музички науки. Денес работи  како професор по предметот народни инструменти во основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп. Со своите ученици има постигнато високи резултати на државни и меѓународни натпревари, како и два солистички концерта во Макарска, Р. Хрватска и Сандански, Р. Бугарија. Во 2010 година ја компонираше химната на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“.

Pin It on Pinterest