Синоќа во фоајето при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, во организација на нашето училиште се одржа концерт – музичка вечер со нашите професори. На концертот учество зедоа голем дел од колегите од инструменталните оддели, а за прв пат во живо пред нашата публика настапи и новоформираниот хор од училиштето под раководство на проф. Јулијана Златеска. На програмата беа изведени дела од композиторите Трајко Прокопиев, Властимир Николовски, Сергеј Рахмањинов, Енио Мориконе, Џон Вилијамс, Астор Пјацола. Овој несекојдневен настан за културниот живот во нашиот град, беше проследен со големо внимание и за наша радост награден со громогласен аплаус.

Share This