Наставни програми

Солфеж и теорија на музиката

Солфеж и теорија на музиката

Предметот солфеж и теорија на музиката овозможува стекнување на музичка писменост, интонација, ритам и хармонија и создаваат способност за разбирање на музичката структура во музичката литература.

 

Клавир ( од лат. Clavis –клуч ) Пијано

Клавир ( од лат. Clavis –клуч ) Пијано

Музички инструмент кој се развил од чембало, спинет и слични инструменти со клавиши, од XVIII век најшироко употребуваните инструменти. Главни делови: резонантна кутија, жици, чеканчиња, механизам со клавијатура и педали. Има хоризонтална положба на три ногалки, дрвено тело ( махагони, орев, палисандер ) и метална рамка во вид на положена харфа. Првиот инструмент со механизамна чеканчиња го изработил италијанскиот градител на музички инструменти Бартоломео Кристофори ( 1655 – 1731 ) околу 1709 година и го усивршил во 1720. Неговиот инструмент бил наречен gravicembalo col piano et forte ( клавичембало со тивкост и гласност ), па оттука теминот пијано-форте и вообичаениот скратен назив пијано. Најпознати композитори за овој инструмент се Ј. С. Бах, Ј. Хајдн, В. А. Моцарт, Л. В. Бетовен, Ф. Шопен, Ф. Лист, П. И. Чајковски, С. Рахмањинов и многу други.

Хармоника

Хармоника

Хармониката е полифон и аерофон музички инструмент со клавијатура или копчиња. Звукот произлегува така што изведувачот на хармониката со раце го шири и собира “мевот“ чија воздушна струја поминува низ гласовите и настанува тон. Овие вентили ги контролираат прстите на изведувачот со притискање на клавишите. Телото на хармониката се состои од две дрвени кутии поврзани со мев. Големината и тежината на хармониката варира во зависност од нејзиниот вид, бројот на регистри и басови. Притисокот на клавишот не се користи како изразно средство, ниту со него се контролира јачината на звукот, туку за тоа исклучиво се користи пумпањето на мевот. Се разликуваат два основни видови хармоники: клавирска хармоника и хроматска со копчиња. Во нашето училиште има можност за изучување на овие два вида на хармоники.

Виолина

Виолина

Виолината е дрвен гудачки инструмент. Прв пат била изработена на почетокот на XV век. До средината на XVII век станала најзначајниот гудачки инструмент со нејзиниот богат тон и можноста за изразување. Најпознати изработувачи на виолината биле италијанските мајстори од семејството Амати и Антонио Страдивари на кои имале можност да свират врвни виолинисти. Еден од врвните изведувачи бил и виолинистот и композитор Николо Паганини за чии дела се смета дека ретко кој може да ги изведува. Многу композитори пишувале дела за виолина: Ј.С.Бах, АВивалди, Л.В.Бетовен, АМоцарт, ФМенделсон, П.И.Чајковски и др.Денес исто така виолината е широко употребувана во сите жанрови на музиката, а посебно во класичната музика. Во нашето училиште има две класи по виолина и децата со задоволство ја изучуваат. Интересот е голем и тие постигнуваат завидни резултати.

Гитара

Гитара

Гитарата е жичен инструмент со стапала и се користи во разни музички стилови,исто така е познат како соло класичен инструмент. Во минатото имало инструменти што биле сродни со овој инструмент,тие потекнуваат од централна Азија и ги нарекувале Цитара. Со тек на време тие инструменти биле пренесени во Европа,претрпиле измени во бројот на жици во изглед се преименувале се додека не настанала модерната гитара и во 10ти век за прв пат во Шпанија бил употребен поимот Guitarra. Првата шест жичана гитара била направена во Неапол Италија во 1779г. Постојат повеке видови на гитари: Гитари со шест,седум,девет,дванаесет жици. Бас гитари со четири или повеќе жици. Во нашето училиште имаме можност да ја учиме класичната музика на класична гитара со најлонски жици.

Труба

Труба

Труба е лимен дувачки инструмент составен од метален усник, цилиндрична цевка извиена неколку пати којашто завршува со корпус во форма на инка, и се свири со помош на три вентили. Трубата постои уште од праисториско време во својата првобитна форма – сигналниот рог којшто е предходник на современите труби. Постојат неколку видови на труби од кои основната е “b” труба, додека постојат и “c” труба, пиколо труба и уште неколку други видови. Трубата својата употреба најмногу ја има во класичната музика, џез музиката, но и во останатите музички стилови.

Саксофон

Саксофон

Саксофонот е дрвен дувачки инструмент, иако како и флаутата, е направен од метал, но според изведувачката техника и градба припаѓа на оваа фамилија, на која ѝ се придружил дури во половината на 19. век. Наречен е според својот градител Адолф Сакс (Adolphe Sax). Во симфониските оркестри и во уметничката музика се користи и е застепен, но во ансамблите за забавна музика, посебно во џезот, многу е истакнат, со цела низа значајни солисти-виртуози.

Кларинет

Кларинет

Инструментот кларинет припаѓа во групата на дрвени дувачки инструменти. Во оркестрите често му се доделуваат истакнати улоги, а и солистичката кларинетска литература е многу богата. Тој наоѓа место и во камерните ансамбли, а претставува и водечки мелодиски инструмент во дувачките оркестри. Најдалечното потекло на кларинетот допира до инструментите со јазиче од трска – во стара Грција (аулос), па и порано, во Египет и на други места. Современиот кларинет се развил кон крајот на 17. век, со усовршување на еден вид шалмај. Веќе во 18. век (пример, кај Моцарт) е богато користен, а влегол и во класичниот оркестарски состав. Технички е усовршен во текот на 19. век, кога многу го користеле композиторите романтичари.

Флејта

Флејта

Инструментот флејта спаѓа во групата на дрвени дувачки инструменти. Звукот на флејтата настанува како резултат на струењето на воздухот низ отворите. Музичарот што свири на флејта се нарекува флејтист. Според држењето разликуваме два вода на флејти: хоризонтални флејти, и вертокални флејти (блок флејти). Материјалите од кои може да се произведе инструментот флејта се најразлични и тоа: камен, дрво, метал, пластика.

Соло пеење

Соло пеење

Пеењето е акт за производство на музички звуци со гласот, го проширува обичниот говор со употреба на тоналитет и ритам. Човек кој пее се вика пејач или вокалист. Пејачите изведуваат музика позната како песни, кои можат или да се отпеат а капела (без придружба) или придружени од музичари и инструменти, почнувајќи од еден инструменталист, па се до комплетен симфониски оркестар. 

Народни инструменти

Народни инструменти

Во основното музичко образование предвидено е  изучување на 4 народни инструменти (кавал, гајда, тамбура и тапан). Кавалот и гајдата спаѓаат во групата на дрвени дувачки инструменти. Тамбурата спаѓа во групата на жичени инструменти а тапанот пак е во групата на удирачки инструменти. Изучувањето на народните инструменти трае 6 години.