Учениците од нашето училиште во изминатиот период присуствуваа на голем број натпревари од општински, регионален и меѓународен карактер.

На меѓународниот натпревар за млади хармоникаши во Белград – Р. Србија, Христијан Илиоски – апсолутен победник во IV категорија на натпреварот – пехар
Марија Ковилоска – 1ва награда во III категорија
Анастасија Мирческа – 2ра награда во v категорија од класата на проф. Кети Петреска
Две трети награди на натпреварот за млади флејтистки во Белград – Р. Србија за Ивана Стојаноска и Магдалена Ковилоска од класата на проф. Мартина Пашоска Стојанов
Прва награда на меѓународниот натпревар „ Полихимнија “ – Скопје за Тамара и Сара Блажески во дисциплина камерна музика – виолина и појано од класите на проф. Весна Станкоска и Игор Николоски
Прва награда за Антониј Миланоски и Матеј Шлакески на меѓународниот натпревар „ Полихимнија “ – Скопје дисциплина камерна музика ( четирирачно пијано ) од класата на проф. Илија Иваноски и проф. Јулијана Златеска.
Пофалница на меѓународниот натпревар „ Полихимнија “ – Скопје за Марија Стојаноска ( пијано ) од класата на проф. Игор Николовски
На регионалниот натпревар за млади музичари во Битола, Мевљуд Асаноски 1ва награда, Мартин Стојаноски 2ра награда, и Филип Богески, Леонид Петрески, Борјан Стојаноски и Петар Апостолоски 3та награда од класата по кларинет на проф. Александра Иваноска Ангелова.
Ивана Стојкоска – 1ва награда по класична гитара на регионален натпревар во Битола од класата на проф. Илија Чакароски.

Трета награда за Софија Размоска и пофалница за Ангела Качакова на меѓународниот натпревар „ Полихимнија “ дисциплина Пијано, и први награди за Арсениј Ангелески и Анастасија Петреска на регионалниот натпревар по пијано во Битола од класата на проф. Христина Никоска Тасеска

Трета награда за Сара Николоска на меѓународниот натпревар „ Полихимнија “ дисциплина Пијано. Прва награда за Филип Ѓорѓиоски и вторни награди за Дафина Момироска и Михаил Јагуриноски на регионалниот натпревар по пијано во Битола од класата на проф. Денис Најдоски

Споделете