Новости

Наградени ученици

Наградени ученици

Учениците од нашето училиште во изминатиот период присуствуваа на голем број натпревари од општински, регионален и меѓународен карактер.

Пијано семинар под раководство на Јана Четелева Белевска

Пијано семинар под раководство на Јана Четелева Белевска

Во просториите на нашето училиште по втор пат во оваа учебна година се одржа Пијано семинар под раководство на м-р. проф. Јана Четелева Белевска од Битола. Учество на овој семинар зедоа сите ученици по пијано кои ќе учествуваат на престојните државни и меѓународни натпревари.

Семинар по хармоника

Семинар по хармоника

Измината седмица во ООМУ “Ордан Михајлоски – Оцка” се одржа семинар по хармоника од страна на двајцата познати уметници на хармоника, Александар и Анна Коловски. Задоволство беше да се соработува со нив и да се учи од нив. Ви благодариме уште еднаш на посветеноста во областа на хармониката и пренесеното знаење.

Концерт на ученици од дувачката класа

Концерт на ученици од дувачката класа

Во просториите на ликовната галерија на НУЦК “Марко Цепенков”, вечерва се одржа Концерт на ученици од дувачката класа, кои ќе земат активно учество на престојните државни и меѓународни натпревари.