Во текот на минатата недела во нашето училиште се одржа првата од трите работилници поддржана преку Western Balkans Fund – гранд за мобилност на наставниот кадар во висина од 13.750 евра. На работилницата со тема „Неформални методи во музичкото образование“ присуствуваа дел од наставниот кадар од училиштето, како и професори гости од музичките училиште Даворин Јенко – Белград Р. Србија и Музичка школа – Источно Сарајево БиХ. По завршувањето на работилницата беше приреден и мал концерт на кој настапија дел од нашите ученици, кои за нивното младо но уметничко свирење беа наградени со громогласен аплауз. Со реализацијата на овој проект, работилница и размена на наставен кадар, музичкото училиште испишува ново поглавје и историја во своето работење по пауза од 10 години. Следните две работилници ќе бидат одржани во музичките училишта во Белград и Сараево.