Идејата за еден настан од ваков вид, дојде од потребата и желбата на учениците од катедрата по пијано да ја почуствуваат сценската магија. Малите пијанисти од ООМУ ‘Ордан Михајлоски-Оцка’-Прилеп одржаа 2 часовен маратон, во фоајето на НУЦК ‘Марко Цепенков’, каде се претставија со дела од руските композитори-Чајковски, Рахмањинов, Глинка, Шостакович, Прокофјев и др., чии дела важат за бисери во класичната музика. Публиката и сите учесници имаа можност да уживаат во еден несекојдневен концертен проект, кој нашето училиште го организира веќе втора година. Настапија 39 учесници, од кои награди за нивните изведби добија: Ангела Качакова, Илина Наумоска, Емануел Асаноски, Елена Дамеска, Анастасија Петреска, Дафина Момироска, Филип Ѓоргиоски, Теона Ванеска, Арсениј Ангелески, а Михаил Јагуриноски ја доби наградата за најдобра изведба.
Честитки за сите учесници и за нивните професори.