Во просториите на нашето училиште по втор пат во оваа учебна година се одржа Пијано семинар под раководство на м-р. проф. Јана Четелева Белевска од Битола. Учество на овој семинар зедоа сите ученици по пијано кои ќе учествуваат на престојните државни и меѓународни натпревари.